| четврток, 6 декември 2018 |

Средношколци од Илинден на практика во „Кемет електроникс“

kemetОпштина Илинден и компанијата „Кемет електроникс“ потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието, со кој американската компанија за електронски производи ќе обезбеди практична настава и обука во сопствените капацитети за учениците од средното стручно училиште „Илинден“.

Меморандумот за соработка што го потпишаа градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски, и управителот на Кемет електроникс, Гуидо Галени, овозможува подигнување на нормите, вредностите и стандардите во образованието, како и подобрување на квалитетот и ефикасноста на стручното образование во средното стручно училиште „Илинден“. Општина Илинден досега потпиша со компаниите МЕПСО, Џонсон контролс, Џонсон Мети, Ван Хол и Окта.

Соработката со деловниот сектор е дел од приоритетите на Општина Илинден во насока на намалување на невработеноста. Тоа беше и главна цел поради која се воведе средно образование коешто профилира кадри според потребите на локалната бизнис заедница, практика од поодамна позната во светот, којашто кај нас првпат се применува во Илинден, информираат од Општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top