| четврток, 6 декември 2018 |

Јолевски на средба со американски конгресмени

Zoran-Jolevski-int96-3Бил Паскрел, Франк Вулф, Елиот Енгел, Тед По, се дел од конгресмените со кои министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски вчера во Вашингтон имаше разговори во насока на проширување на поддршката на САД.

На средбите конгресмените кои имаат силно влијание во Конгресот, искажаа искрена поддршка на Република Македонија во остварување на евроатлантската интеграција и се заблагодарија за македонскиот придонесот во воспоставување на мирот, безбедноста и демократските вредности во Авганистан.

За време на разговорите министерот Јолевски го истакна интересот за проширување и зајакнување на стратешкото партнерството. Во поглед на зајакнување на пријателството, конгресменот Френк Вулф ја поддржа идејата за размена на искуства и знаења по што предложи повеќе претставници од безбедносните сили на двете земји да се обучуваат и едуцираат во САД и во Македонија.

Во рамки на денешните активности, министерот Јолевски положи и венец со свежо цвеќе на споменикот на Незнајниот јунак во Арлингтон, оддавајќи почит на воените сили на САД и на оние кои го дале својот живот за глобалниот мир и безбедност

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top