| четврток, 6 декември 2018 |

„Малограѓанска свадба“ од петок на репертоарот на Охридски театар

malograganska.svadba.strumi

Претставата „Малограѓанска свадба“ од Бертол Брехт, во режија на Дејан Пројковски, од 1-ви март повторно ќе биде на репертоарот на Центарот за култура во Охрид. Првата претстава е закажана за петок во 20 часот, а улогите ги толкуваат:Петар Мирчевски – таткото на невестата, Горан Стојановски – Јакоб,младоженецот, Јасмина Билаловиќ – Марија,Невестата, Јулијана Стефанова – Мајката на младоженецот, Адријана Билаловиќ – Ина,сестра на невестата, Ивица Цонев – Пријател на младоженецот, Билјана Билаловиќ – Еми,жената, Стрезо Стаматовски – Нејзиниот маж, Никола Тодороски – Ханс Милднер,младичот.

Претставата се игра пред 24 лица, кои заедно со актерите седат на свадбената трпеза. И налгасено е дека е наменета само за возраст над 14 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top