| четврток, 6 декември 2018 |

Што бара Цеца за концертот во Охрид?

Српската ѕвезда Светлана Ражњатовиќ Цеца првпат доаѓа во Охрид, каде што на 1 август ќе има двочасовен концерт на стадионот „Билјанини извори“.

Како што велат организаторите, во Охрид Цеца ќе пристигне еден ден порано за да се адаптира, а ќе остане и еден ден по концерт за да се одмори во, како што и самата вели, еден од најубавите градови на Балканот, Охрид.

Пред да пристигне Цеца, ќе пристигнат цели 10 шлепери со опрема која вклучува специјална бина, озвучување и осветлување.

Времетраењето на концертот, односно еден час повеќе од регуларното времетраење, е желба на Цеца, која сака првото претставување пред македонската публика во Охрид да се памети.

 Според организаторите, таа има многу скромни барања, а сака само многу вода на сцена, македонски зеленчук и овошје и мени богато со македонски традиционални специјалитети.

Организаторот на концертот најавува и специјални гости со кои Цеца ќе ја подели сцената во Охрид. Имињата на истите своевремено ќе бидат објавени.

Засега останува информацијата дека влезниците до 15 јули можете да ги обезбедите по цена од 500 денари. За трибини, коишто се во ограничен број, изнесува 800 денари. Иста е цената и за фанпит-влезница. Додека пак ВИП влез на овој концерт ќе ве чини 1000 денари. Информации и резервации за влезници на телефонскиот број 078969998.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top