Мини саем на книга, изложби и концерт на српската женска група „Фрајле“ ќе се одржат в четврток во рамки на културната манифестација „Бит-фест 2014“ во Битола.
Саемот на книга ќе биде отворен од 08 до 22 часот на плоштадот „Магнолија“, а во 11 часот во Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ ќе биде отворена изложба на дробен печат.
Во 19 часот во Ботаничката градина во организација на здружението на граѓани Биосфера ќе се одржи настанот „Поезија на дланка“, а во исто време на плоштад Магнолија ќе биде отворена изложбата „Светски кулинарски креации во конзулска Битола“, во организација на Здружението за едукација и кулинарство „Сѐ за храна Битола“.
За крај на културниот ден ќе се одржи концерт на акустичната групата „Фрајле“ од Нови Сад, Србија во Музеј-Пацио со почеток во 21 часот.
– Марија Мирковиќ, Наташа Михаловиќ, Јелена и Невена Буча ги здружија своите воодушевувачки вокали, две акустични гитари, очигледно прекрасниот вкус за костимографија и го направија најинтересниот музички перформанс на актуелната музичка сцена – се вели во најавата за концертот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



