– Македонија досега повлече три вакви кредити за време на светската глобална криза и европската должничка криза во вредност од 250 милиони евра и со нив се отворија огромен број работни места, околу 15 илјади. Оваа кредитна линија во изминатите години овозможи Македонија да биде една од државите која со најмалку штети ја помина европската криза. Споредено со другите држави во Европа, падовите во економијата беа најмали, а растот најголем. Беа преземени многу мерки за да се дојде до тоа, меѓутоа една од клучните беше токму оваа мерка – рече Груевски по промоцијата на лабораторија на ФИНКИ при Природно-математичкиот факултет.
Кредитната линија е наменета за мали и средни претпријатија кои сакаат да инвестираат во опрема или во обвртни средства. Рокот на враќање за набавка на опрема е осум години со грејс период од една година, а за обртни средства три години со грејс период од шест месеци.
До крајот на 2014, се очекува да бидат инвестирани 40 милиони евра преку кредити, а во текот на следната година и останатите 60 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.