| четврток, 6 декември 2018 |

Во Памплона прободен авторот на водачот за преживување трка со бикови

Меѓу двајцата тешкоповредени мажи во вчерашната трка со бикови во Памплона е и 32-годишниот Американец што го напиша водачот за преживување трка со бикови.

На третиот ден од фестивалот „Сан Фермин“ се повредени пет лица, од кои двајца потешко. Пред влегувањето во арената во градот каде што завршува трката, еден од шесте бика се одвоил од другите и тргнал кон учесниците во натпреварот.

Бикот Бревито, тежок 600 килограми, јурнал на двајца натпреварувачи и едниот го прободел во градниот кош, а другиот, односно Американецот Бил Хилман, авторот на водичот за преживување на трката, во бедрото.

Хилман, кој десет години по ред учествува во тргката со бикови во Памплона, минатиот месец ја објави книгата „Како да се преживат биковите во Памплона“, која ја напиша заедно со Џон Хемингвеј, внук на славниот писател Ернест.

Трката секоја година привлекува илјадници странци и Шпанци во Памплона. Почетоците на оваа свеченост датираат од средниот век, кога ги обединуваше верските светости во чест на свети Фермин, заштитник на Навара, традиција на трговските саеми и кориди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top