Тренерот кој Сан Антонио Спарс во последните 15 години ги донесе до пет шампионски титули, Грег Попович и во наредниот период ќе остане на клупата на тимот од Тексас.
Во соопштението на клубот се наведува дека нема да бидат објавени детали од договорот. Попович во 1996 година ги презема Спарс и со нив освои пет шампионски титули.
Тој е еден од петте тренери во историјата на НБА лигата кои освоиле пет или повеќе титули. Во неговата кариера Попович оствари биланс од 967 победи и 443 порази на вкупно 1410 одиграни натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.