| четврток, 6 декември 2018 |

„Булеварот на книгите“ се сели на Широк Сокак во Битола

nokjpariz1_third

Во рамките на Бит Фест, „Булеварот на книгите” од Скопје се сели на Широк Сокак во Битола. На оваа манифестација ќе настапат 15-тина писатели и членови на битолскиот книжевен круг: Владимир Костов, Панде Манојлов, Радован Цветоковски, Петре Димовски, Добре Тодоровски, Кире Неделковски, Мирјана Стојановска, Зоран Пејковски, Милица Димитриевска Радевска и други.
Настанот, покрај големиот избор на наслови и автори, како и цените димензионирани за сечиј вкус и за сечиј џеб, ќе понуди и многубројни изненадувања и подароци.
Настанот е закажан за вечерва, 10 јули, (18 часот). Посетителите можат да се дружат со книгите до доцна во ноќта и затоа е предвиден да трае се до полноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top