Тројца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Италија. Според, италијанскиот весник „Ил Газзетино“, несреќата се случила во вторникот околу 21 часот на патниот правец Басано-Муселите кај месноста Романао Де Зелито.
Според весникот, во директен судир на два автомобила со италијански регистарски таблички загинаа македонските државјани А. М. (19) од Жупа, Х.Е. (21) од Отишани и уште едно момче чиј идентитет се уште не е соопштен.
Исто така, тешко се повредени уште две други лица, од кои едниот е македонски, а другиот италијански државјанин.
Загинатите во сообраќајната трагедија се деца на наши печалбари кои работаат во Италија подолг период, пишува Телеграф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.