
Кумановецот Д.К. (40) е е виновникот за големиот грабеж на Поштенската штедилница во Ниш, кој се случи пред четири години, пишува српски „Блиц“.
Кумановецот, објавува „Блиц“, во моментов издржува казна затвор во казнено – поправниот дом во Сремска Митровица.
Пред четири години, Д.К. вооружан со пиштол, влегол во Поштенската штедилница, им се заканил на вработените и успеал да изнуди пари од нив. Бесниот разбојник го нападнал и обезбедувањето на штедилницата.
По наредба на Вишиот суд во Лесковац, Македонецот бил сослушан. Против него била поднесена дополнителна кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


