Њујорк ја одбележа 20-годишнината од првиот терористички напад врз Светскиот трговски центар, кога 600-килограмска бомба беше активирана во подземната гаража на зградата. Во нападот загинаа шест лица. Церемонијата се оддржа во Меморијалниот споменик од 11 септември, кренат во спомен на приближно 3.000-те лица, загинати во атентатот врз Светскиот трговски центар на 11 септември 2001 година.
Присутните оддадоа минута молчење точно во 12,18 часот по локално време, моментот кога на 26 февруари 1993 година експлодира бомбата.
Американски судови за виновни за атентатот прогласија шестмина исламистички екстремисти, вклучувајќи го и Ремзи Јусеф, кој го паркирал минибусот со експлозивите во подземната гаража. Чичкото на Јусеф, Халид Шеик Мохамед, е меѓу заговорниците, кои го организираа атентатот од 11 септември 2001 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.