Турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, во Анкара се сретнал со новиот лидер на кримските Татари, Рефат Чубаров, како и со неговиот претходник Мустафа Џемилев, соопшти турскиот веб-сајт Ворлд булетин. Средбата, што се одржала вчера, била зад затворени врати.
Истовремено, турското Министерство за надворешни работи ја осуди забраната за пристап до руска територија и посебно на полуострвот Крим, што руските власти му ја наметнаа на Рефат Чубаров.
– Оваа петгодишна забрана нема никаква правна основа. Тоа е отворено прекршување на Европската конвенција за заштита на правата на човекот – се наведува во соопштението на турското МНР.
Претходно оваа пролет, на Мустафа Џемилев, исто така, му беше наметната забрана за пристап до руска територија во рок од пет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.