Не заборавајте дека во борбата против целулитот, како и несаканите килограми, потребно е трајно менување на прехранбените навики. Темелната промена во исхраната секако може да помогне вашето сврзувачко ткиво да биде поцврсто, а целулитот да се намали.
Зошто зеленчук?
Свежиот зеленчук содржи речиси повеќе витамин Ц од некое овошје. А бидејќи витаминот Ц игра главна улога во јакнењето на врзувачкото ткиво, најдобро што можете да направите во прилог на желбата за мазна кожа е секојдневно во менито да имате неколку порции зеленчук, особено свеж.
Салатата од свеж зеленчук нека ви биде дел од секојдневието, а со секој ручек и вечера јадете и варен зеленчук. Заменете ги со него тестенините и лебот. Особено добри за оваа намена и вистински витамин Ц-бомби се свежиот спанаќ, црвените пиперки, прокељот, кељот, брокулите и магдоносот.
Во изборот на овошје и зеленчук, всушност, и не можете да згрешите. Но, сепак, ви издвоивме три вида зеленчук против целулит, кои, секако, би требало да ги јадете колку што е можно почесто.
1. Сладок компир
Тоа е еден од најстарите зеленчуци што му се познати на човекот, а воедно е и еден од најхранливите и најздрави зеленчуци и идеален против целулит. Содржи калиум, витамини Ц и Е, бета каротен. Заради коренестите протеини, тој е одличен антиоксиданс. Генерално, слаткиот компир е број еден зеленчук за подобрување на циркулацијата и за елиминирање на токсините – две најважни работи за отстранувањето на целулитот.
2. Брокула
Таа е одличен борец против целулитот поради 3 причини: прво, содржи алфа липоична киселина која помага против стврднување на колагенот. Второ, брокулата е концентриран извор на витамин Ц и одличен извор на прехранбени влакна. КОнечно, брокулата е еден од најдобрите немлечни извори на калциум, кој е инаку одличен борец против целулит.
3. Прокељ
Консумирањето зелен лиснат зеленчук, во кој спаѓа и прокељот, е одличен сојузник во борбата против целулитот. Таквиот зеленчук, освен витамин Ц, содржи и материја која се вика индол-3-карбинол која во организмот се претвора во ди-индолил метан, кој им помага на ензимите од црниот дроб да го блокираат производството на штетните материи одговорни за губење на квалитетот на колагенот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.