| четврток, 6 декември 2018 |

„Дневник“: Медиумите на албански јазик како „Застава филм“

Со денови разни медиуми на албански јазик ги вртеа истите тврдења – дека против обвинетите нема докази, а тие со ништо не го аргументираа тоа, дека случајот е монтиран и дека обвинетите, всушност, се невини, анализира „Дневник“.

Protesti monstrum (15) (Custom)

Ова е доказ дека Албанците во Македонија ќе се затвораат без докази. Осуда која не ја направиле ниту српските судии. Македонските затвори наполнети со Албанци. Се протестира во сите албански градови во Македонија… Со вакви ставови и квалификации деновиве во медиумите на албански јазик во наша земја се третира изрекувањето на казните на обвинителите во случајот „Монструм“ и протестите кои по тоа уследија во повеќе градови. Тезите и наводите што доминираат во речиси сите медиуми се сведуваат на едно – дека обвинетите се осудени без докази и дека на сцена е една нова дискриминација со која овие граѓани се прогласени за виновни само поради тоа што се Албанци!?

Хронологијата на објавените ударни прилози за изречената судска пресуда, истовремено, покажува дека ваквите тези за строгата казна која е изречена без докази се пласирани веднаш по соопштувањето на пресудата. Наводната дискриминација врз етничка основа, пак, на свој начин само се надоврзува на веќе подолгата листа на тврдењата на албанските медиуми за наводните и измислени понижувања кои припадниците на оваа етничка заедница ги доживуваат кога се во прашање рамковните вработувања, инциденти со ученички тепачки, водење бизниси, па с` до добивањето средношколски ученички стипендии…

– Органот на правда суди неправедно. Овој страшен чин е уште еден доказ дека Албанците во Македонија ќе се затвораат доживотно без никакви докази, беше прва ударна квалификација која ја пласира весникот „Лајм“ веднаш по изрекувањето на пресудата на шестемина обвинети за свирепа егзекуција на четирите млади момчиња и на рибарот кај Смилковското Езеро спроти големиот христијански празник Велигден.

Kои докази не се докази

Дека наводно нема „доволно докази“ за ваква пресуда веќе утредента потенцира и порталот на албански јазик „Порталб“, повикувајќи се на реакции на некакви граѓани и правници.

– Случајот „Монструм“ е монтиран и осмислен одамна – се вели во прилогот, при што се пренесува и изјавата на аналитичарот Џелал Незири дека „судските одлуки ги носи политиката, а протестите се резултат на партизираното судство и државните институции“.Истовремено, овој портал го пренесува и повикот на Мерсел Биљали дека „протестите не треба да запрат, туку треба да продолжат со дефинирани конкретни барања“.При ова, впечатливо е тоа дека овие медиуми освен што излегуваат со тврдењето дека „Албанците се затвораат доживотно без докази“ не приложуваат ниту еден конкретен факт дека за изречената казна судот не нашол конкретни докази. Односно, освен голи пропагандистички тврдења дека сите тие се осудени без аргументи не се прави, на пример, анализа на сето тоа што како конкретен доказ било изнесено во текот на судската постапка, како од страна на обвинителството така и од страна на одбраната. Наспроти ова, главната вест во овие медиуми е тоа дека судот пресудил без веродостојни аргументи, дека обвинетите се невини и дека нивна единствена вина е што се Албанци.

– Сметаме дека оваа казна е донесена со политички мотиви, а не судски, бидејќи за ниту еден од обвинетите судот немал убедливи докази, освен присилни изјави извлечени од истражните органи – потенцира албанската агенција ИНА во својот текст три дена по изрекувањето на казната

Дел од пропагандистичките прилози

„Kоха“ – 1 јули 2014

Разбуди се: Покажете ги доказите за случајот „Монструм“

Граѓанското движење „Разбуди се“ реагира во врска со максималната казна за случајот „Монструм“ каде што беа обвинети шест лица на доживотен затвор. „Лајм“ – 1 јули 2014

„Монструм“: Осуда која не ја направиле ниту српските судии„Лајм“

Случајот „Монструм“ – зошто молчат Ахмети и Тачи кога се осудуваат Албанци без факти „Порталб“ – 2 јули 2014

Реакции: Случајот „Монструм“ е монтиран и осмислен одамна. Одлуката за шестемина во случајот „Монструм“ ги трогна многу граѓани и правниците кои ценат дека нема доволно докази за да биде изречена пресуда со доживотен затвор„Алмакос“

Срамота. ДУИ да поднесе оставка и да му се извини на албанскиот народ за денешните протести во Скопје и за ескалацијата од изреволитраните албански граѓани, реагира и Мухамед Зекири, главен и одговорен уредник на „Алсат-М“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top