
Љупчо Пренџов, член на партијата на Стевчо Јакимовски, ГРОМ ќе биде новиот заменик-министер за локална самоуправа.
Премиерот Никола Груевски ги достави замениците министри во Собранието. Нови заменички имиња ќе има во шест ресори. Зоран Петров си оди од надворешни работи, на негово место доаѓа Драгана Кипријановска, досегашниот заменик-министер за образование.
Спиро Ристовски ќе биде заменик-министер за образование, во ресорот одбрана нов заменик министер е екс-пратеникот на ДУИ, Арбен Лабуништа. Во транспорт и врски-Ниметула Хаљими, а во министерството за Земјоделство ќе седне Ванчо Костадиновски, објави „24Вести“.
Во останатите ресори останувата старите решенија. Во МВР – Земри Ќамили, во правда Билјана Бошковска – Бричковска, во економија Христијан Делев, во финансии-Ардиан Џеладини, во здравство-Јовица Андоновски, во труд и социјала Ибрахим Ибрахими, во информатика Марта Арсовска-Томовска, во животна средина Стево Темелковски. Според најавите од собрансикиот спикер се очекува седницата на која ќе се избираат замениците да се оддржи во четврток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


