| четврток, 6 декември 2018 |

РК Вардар ќе ги стартува подготовки со 20 играчи

РК Вардар ќе ги „стартува моторите“ за новата сезона на крајот на месец јули. Првата фаза од подготовките ќе се одвива во Крањска Гора, во Словенија. Екипата ќе замине на 31 јули и ќе работи таму до 10 август.

Тренерот Раул Гонзалес ќе има на располагање 20 играчи со цел уште сега да почне да гради не само силна прва постава, туку и подготвена и долга клупа затоа што сезоната ќе биде долга и исцрпувачка. Вардар ќе се натпреварува во Лигата на шампионите и во СЕХА во првата половина, а на пролет доаѓаат и обврските во домашното првенство.

Затоа темпирањето на формата ќе биде од клучно значење, а првите проверки ќе следуваат веќе на средината на идниот месец. По враќањето од Крањска Гора, Вардар ќе се упати кон Струга, каде што ќе настапи на традиционалниот „Струшки турнир“ од 13 до 16 август, а од 22 до 24 истиот месец го очекува „Кањижа куп“.

извор: РК Вардар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top