Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е време да се „извадат ракавиците“ кога станува збор за палестинската екстремистичка организација Хамас.
– Хамас избра да ескалира ситуацијата и ќе плати висока цена за тоа, посочи Нетанјаху.
Израел синоќа бомбардираше 50 цели во Појасот Газа откако Палестинците истрелаа десетици ракети врз израелска територија. Во израелската операција повредени се најмалку 15 Палестинци, меѓу кои и две жени и едно дете.
Израелските власти најавија дека офанзивата ќе биде проширена во следните денови и оти околу 1.500 резервисти се мобилизирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.