| четврток, 6 декември 2018 |

Во МКЦ на „Рефрени“ за летно освежување ќе настапат „Ти“, Доџо и Лепи Џони

unnamed1
На 25 јули, во Младинскиот културен центар (МКЦ) со почеток во 21.30 часот ќе се одржи концерт под наслов „Рефрени за летно освежување“. Влезот е слободен. На концертот ќе гостуваат „Ти“, „Доџо“ и „Лепи Џони“.
На почетокот на 2014 година, белградското дуо „Ти“ ги почести фановите со првото долгосвиречко издание насловено „Видимо се“. Албумот во самиот старт ги освои срцата на сѐ побројните фанови, но не ја остави рамнодушна и критиката.
Албумот содржи девет сонливи, емотивни, речиси хипнотички песни, а „Видимо се“ слободно може да претендира да биде албум на годината.
Под псевдонимот Доџо се потпишува новосаѓанката Дуња Дачиќ.
Лепи Џони е соло-проект на ултракреативниот и емотивен Љупа Ангелов (The John) во друштво на неговата гитара и пар електронски уреди стационирани во популарното скопско „Даун таун студио“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top