| четврток, 6 декември 2018 |

Слаткаристика и пријателите за Илинден во Дојран

Ноќта спрема големиот празник Илинден, поточно во петок на 1 август, на плажата „Алекс“ во Дојран концерт ќе одржи македонскиот рапер Марко Маринковиќ – Слаткаристика.

На концертот наречен „Слаткаристика и специјални пријатели“ (Slatkaristika & Special friends) како гости/пријатели ќе настапат Тајзи, бугарската аренби сензација Бобо, познат по песната „Дим да ме њама”, македонскиот хип-хопер Да Џака Накот и Ферус Мустафов. Како загревање на овој музички настан ќе настапат и Аце НЛ и диџеј Че.

Ова е одлична можност за сите посетители на Дојранското езеро да се забавуваат и вечерта пред најголемиот национален празник во Македонија. Концертот нуди одлична програма и широк  музички репертоар, велат од продукцијата на Слаткаристика, „Иноватива груп“.

Цената на билетите изнесува 150 денари и истите може да се набават вечерта, на самиот влез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top