Филмот „Студен јули“на режисерот Џим Mикла каде што во главните улоги настапуваат Мајкл Си Хол, Сем Шепард и Дон Џонсон од 10 јули ќе почне да се прикажува во кината во Македонија.
Во фокусот на филмот „Студен јули” е семејниот човек Ричард Дејна (Мајкл Си Хол), кој додека ги проверува чудните звуци во неговата куќа, една свежа јулска ноќ во 1989 година во Тексас, го застрелува натрапникот Фреди Расел. Иако во градот го сметаат за херој, Дејна се плаши за безбедноста на неговото семејство, кога таткото на Фреди, Бен (Сем Шепард), пристигнува во градот. Татко му на застреланиот младич е поранешен осуденик, заслепен од желбата за одмазда. Локалната полиција е рамнодушна по инцидентот и е благодарна што сега има еден престапник помалку. Ричард наскоро сфаќа дека е само обична фигура во една многу поголема и страшна игра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура