Надгледувачи од Германија и од Романија од 7 до 11 јули ќе летаат над територијата на Русија во рамките на меѓународниот договор за отворено небо, изјави началникот на Центарот за намалување на нуклеарната опасност, Сергеј Рижков.
Во текот на летото, во склад со договорената рутина, руските експерти во романските авиони за надгледување „Ан-30“ ќе го контролираат почитувањето на договорените параметри за лет. „Ан-30“ е авион што не е опремен со какво било оружје.
Во исто време, група руски инспектори ќе извршат контролен лет над територијата на Полска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.