Поминаа десет години откако филмот „Notebook“ стана хит, а режисерот Ник Касаветес дури сега откри колкава нетрпеливост постоела меѓу главните актери Рајан Гослинг и Рејчел Мекадамс.
Иако на екранот изгледаше дека постои хемија меѓу нив, во текот на настанувањето на филмот тие всушност се мразеа. Уште пошокантен е фактот дека холивудскиот актер, неговата колешка, а подоцна и девојка, сакал да ја исфрли од филмот.
Гослинг, кој го глумеше непоправливиот романтичар Ноа Калхоун го молел режисерот да најде некоја друга актерка која би ја играла Ели Хамилтон, неговата голема љубов.
– Можеби не требаше да ја раскажам оваа приказна, но тие навистина не се согласуваа на сетот. Рајан ме молеше да ја отпуштам, затоа што како што велеше, не можел да работи со неа, откри Касаветес.
Нивното несогласување меѓу нив било толку големо што на еден од состаноците вриштеле и се дереле еден на друг.
Рајан и Рејчел врската ја започнаа откако го завршија снимањето на филмот. Прекинаа во 2008 година, а последните три години Рајан е во врска со актерката Ева Мендез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.