Револтирани родители кои своите деца ги носат во детската градинка „Снегулка” која се наоѓа во близина на Уредот во Битола апелираат да се промени ужасната состојба во која е дворот на овој објект, пишува локалниот портал „Шеталиште“.
Местото кое треба да биде убаво катче каде децата треба да играат, е обраснато со треви, во кои можеби има дури и змии. Наместо убаво игралиште или парк за малите ова сега е живеалиште на безброј инсекти и животни кои секојдневно претставуваат опасност за децата.
– Страшна е глетката која ја гледам секој ден додека го оставам детето – вели загрижен родител, кој додава дека покрај овие треви секој ден поминува за да дојде до влезот на градинката .
Повеќе фото на „Шеталиште“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.