| четврток, 6 декември 2018 |

Денис Родман ќе ги учи севернокорејците да играат кошарка

rodman

Поранешната НБА-ѕвезда Денис Родман пристигна во Северна Кореја заедно со уште тројца членови на егзибиционистичката кошаркарска атракција „Харлем Глобтротерс“ и со уште тројца американски тренери и тука ќе ја промовира американската кошарка.

„Лошото дете“ Родман е во Северна Кореја како дел од програмата „културна размена“ и заедно со атракцијата „Харлем глобтротерс“ ќе ги посетат тренинг-камповите на севернокрејските кошаркари.  Таму треба да ги научат младите севернокорејци на кошакарските вештини.

Родман, како голема кошакарска ѕвезда треба да се сретне и со потпретседателот на Олимпискиот комитет на Северна Кореја, соопшти државна агенција на таа земја, не прецизирајќи дали Родман ќе се сретне со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-Ун.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top