
Поранешната НБА-ѕвезда Денис Родман пристигна во Северна Кореја заедно со уште тројца членови на егзибиционистичката кошаркарска атракција „Харлем Глобтротерс“ и со уште тројца американски тренери и тука ќе ја промовира американската кошарка.
„Лошото дете“ Родман е во Северна Кореја како дел од програмата „културна размена“ и заедно со атракцијата „Харлем глобтротерс“ ќе ги посетат тренинг-камповите на севернокрејските кошаркари. Таму треба да ги научат младите севернокорејци на кошакарските вештини.
Родман, како голема кошакарска ѕвезда треба да се сретне и со потпретседателот на Олимпискиот комитет на Северна Кореја, соопшти државна агенција на таа земја, не прецизирајќи дали Родман ќе се сретне со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-Ун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка


