| четврток, 6 декември 2018 |

Монструм – судир на полицијата и демонстрантите во Тетово

Protesti monstrum (3) (Custom)

Од петочните протести во Скопје

Нов судир на демонстрантите со полицијата во Тетово, кои протестираат незадоволни од пресудата за Случајот Монструм. Мирната поворка која од тетовскиот плоштад тргна кон Судот, за момент ја смени трасата на движење и тргна кон штабот на ДУИ во Мала Речица, кој беше под силно полициско обезбедување.

Во моментот кога демонстрантите се обиделе на сила да го пробијат полицискиот кордон, се судрија со полицијата која употреби шок-бомби за да ги растера демонстрантите.
Во другите градови е мирно. Неколку стотини граѓани мирно протестираа во Скопје, Гостивар и Кичево против доживотната затворска казна за случајот Монструм. Во Струга воопшто не протестираа според најавите. Јавно излегоа со став дека не го поддржуваат насислството кое се случи во петокот на демонстрациите во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top