| четврток, 6 декември 2018 |

Автобусите во Скопје по нови траси поради реконструкција на „Рекорд“

Поради градежните работи за реконструкција на сообраќајна лента на улицата „Димитрие Чуповски“, пред автобуското стојалиште спроти „Рекорд“, трасата на повеќе автобуски линии е изменета. Од ЈСП-Скопје информираат дека линиите на јавен превоз од Исток кон Запад ке бидат пренасочени на следниов начин:

– линиите бр. 3, 3А, 3Б, 5, 7, 7Б, 15, 15А, 21, 21А, 22, 25 кои се движат по бул.„Кочо Рацин“ продолжуваат по ул. „Св.Кирил и Методиј“  (пред Рамстор) и продолжуваат по своите траси.

– линиите бр. 26, 50, 57, 57А и 59 кај градска болница вртат лево по ул. „11 Октомври“ , десно по бул. „Кочо Рацин“ и ул. „Св.Кирил и Методиј“ (пред Рамстор) и продолжуваат по своите траси.

-линијите  бр. 4 и 4А од ул.„11 Октомври“ вртат лево по бул. „Кочо Рацин“ и ул. „Св.Кирил и Методиј“ (пред Рамстор) и продолжуваат по своите траси.

-линија бр. 24 од подвозник К.Вода продолжува лево по ул. „Св.Кирил и Методиј“ (пред Рамстор) и продолжува по своjaта траса.

– линијата „Sity tour“ ќе почнува од постојката пред „Жена парк“ и продолжува лево по ул. „11 Октомври“, десно по „Кочо Рацин“, ул.„Св.Кирил и Методиј“ и продолжува.

Во обратен правец автобусите сообраќаат по непроменета траса.

Пренасочувањето ќе трае до завршување на градежните работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top