МВР продолжува да ја следи ситуацијата и подготвено е да реагира доколу повторно се организираат насилни протести. Се работи и на идентификација на насилниците кои вчера ги повредија полициските службеници, ја оштетија зградата на Основниот суд и кои дивееја низ скопските улици. Секој кој ќе биде идентификуван дека учествувал во насилните протести против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Кривична досега е поднесена против 7 лица, а по снимките дополнително биле идентификувани уште 6 лица.
По вчерашното агресивно и насилно протестирање на вандалите и каменување на судот и полицијата, денеска околу 30-40 претежно малолетни лица повторно се собраа пред џамијата Јаја Паша и се упатија кон општина Чаир каде почнаа да фрлаат со камења кон зградата. Поради нарушениот мир полицијата кратко интервенираше, а масата започна да се движи назад кон Чаирчанка. На улицата Цветан Димов, демонстрантите почна повторно да фрла со камења, по што полицијата приведе 3 лица.
-Во моментов се уште се работи на утврдување на нивниот идентитет. По полициската интервенција толпата се растури, а полициските службеници продолжуваат со соодветно обезбедување на критичните локации и счедење на безбедносната состојба. Денеска со кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство- Скопје, предадени се 7 лица на возраст од 21 до 44 години поради основано сомнение за сторено кривилно дело- учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствије. Пријавените, кривичното дело го извршиле на тој начин што вчера на булевар „Крсте Мисирков“ на насилен и ненајавен протест учествувајќи во толпа со други лица, повредија 20 полициски службеници и предизвикаа материјална штета која дополнително ќе се утврдува, изјави портпаролот на МВР Иво Котевски.
Против дел од осомничените и претходно се поднесувани кривични пријави, а на некои од нив веќе им биле одрекувани и затворски казни.
По снимките, денеска дополнително биле препознаени уште 6 лица од страна на СВР-Скопје и во тек е нивно повикување во полициска станица. Покрај нив, во полициска станица се спроведени уште 9 лица поради сомнение дела биле дел од толпата, која во текот на вчерашните насилни протести го нарушуваше јавниот ред и мир. По целосно документирање на делата кои и овие 9 лица ги сториле, против нив ќе бидат поднесени соодветни прекршочни или кривични пријави.
Во однос на одговорот на полицијата, Котевски истакна дека таа била крајно професионална и одмерена, за што сведочи фактот дека ниту една претставка не била поднесена до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР.
– Агресивното однесување на насилниците кои што вчера дивееја низ Скопје беше осудено и од целата демократска меѓународна заедница, рече Котевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи