
Легендарниот српски актер Бора Тодоровиќ се наоѓа во критична состојба во Клиничкиот центар во Белград. Осумдесетичетири годишниот глумец неодамна го оперирал селпото црево, а во процесот на заздравувањето му се слошило и во моментот се наоѓа во кома.
Пред операцијата на слепото црево, овој врвен актер е виден на јавни манифестации каде ништо не упатувало на тоа дека има здравствени проблеми. Во почеокот на минатиот месец присуствувал на промоција на книга, а во почетокот на мај станал дедо и не ја криел радоста поради тоа што неговиот син Срѓан станал татко.
Што се однесува до професијата, Тодоровиќ последните години се повлекол од светот на театарот и филмот, а во медиумите ретко се појавувал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


