| четврток, 6 декември 2018 |

Само половина од охридските и струшки плажи имаат спасители

Последниот случај на давење во Охридското Езеро повторно ги алармира надлежните институции да апелираат до посетителите да ги користат за рекреација исклучиво одбележаните капалишта, каде има ангажирани спасители на вода и каде се исполнети сите безбедносни услови за според и рекреација.

Црвениот крст има ангажирано спасители на вода и воспоставено безбедносни услови на Охридско-струшкото крајбрежје, а на сите капалишта каде има ангажирано спасители во периодот од 10 до 19 часот, таму се гарантира безбедноста на посетителите – истакна Сашо Точков од Црвениот крст–Охрид.

Точков апелираше до посетителите и сите граѓани на Охрид да внимаваат при секое влегување во водата.

Водата сѐ уште е прилично студена, некаде 21,5 степени Целзиусови. Апелираме капачите да не влегуваат во вода презагреани, да ги преслушаат своите психо-физички способности и согласно со нив да се рекреираат. Исто така да се избегнува влегување во вода под дејство на алкохол, потоа непосредно после обилни оброци и слично, да се почитуваат сите препораки на сапсувачките екипи што можат да се добијат на капалиштата – истакна Точков.

Од почетокот на оваа сезона досега спасувачките екипи на Црвениот крст интервенирале два пати и тоа на плажите кај Канео и кај Свети Наум, кога се спасени од давење две лица, едниот српски државјанин со здравствени проблеми, а другиот непливач од Република Албанија.

За жал, податоците од Црвениот крст–Охрид покажуваат дека само некаде половина од закупените плажи на Охридско-струшката ривиера имаат ангажирано спасувачки екипи, што е спротивно на договорите за концесии.

На неодамна одржаната кородинација на надлежните служби за проблематиката на безбедност на вода, се издадени налози до сите општински и државни институции да ги
преземат сите наопходни активности за што поголема безбедност на плажите и на езерото во текот на главната летна туристичка сезона на Охридското Езеро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top