| четврток, 6 декември 2018 |

Нови покрвави протести денеска?!

На социјалните мрежи се шират предупредувања за нов поголем митинг, пишува албанскиот портал „Tetova.sot“.

Според порталот, на социјалните мрежи кружи нова фотографија од група на албански протестанти и најверојатно станува збор за уште еден нов голем протест во текот на денешниот ден, сабота.

Извесен командант Пантер, пак, му се заканувал на Али Ахмети под итно да ја напушти Владата бидејќи во спротивно лошо ќе си помине, така што извесниот командант се заканува дека ќе се повтори војната од 2001-ва година со уште поголеми крвопролевања.

214

Министерството за внатрешни работи, пак, вчера најави дека будно ќе ги следи социјалните мрежи преку кои се одвиваше мобилизацијата за насилните протести и апелира граѓаните да не дозволат да бидат манипулирани и инволвирани во какви било нарушувања на јавниот ред и мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top