Безживотно тело на маж пронајдено е утрово во водите на Охридското Езеро во близина на угостителски објект во центарот на Охрид. Го забележал случаен минувач кој веднаш ги алармирал надлежните служби.
Идентитетот на починатиот, како и причините за настанување на смртта засега не се познати. Се прептоставува дека се работи за турист.
Полицијата упати апел до граѓаните доколку имаат било каква информација поврзана со случајот која ќе биде корисна за идентификација на починатиот да пријават на 192 или во СВР Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.