| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот распоред на автобусите поради реконструкцијата кај Рекорд

Поради градежните работи за реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата „Димитрие Чуповски“, пред автобуското стојалиште спроти „Рекорд“, изменета е трасата на 20 автобуски линии.

Според известувањето од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) линиите од Исток кон Запад се пренасочени на следниот начин:

  • линиите бр. 3, 3А, 3Б, 5, 7, 7Б, 15, 15А, 21, 21А, 22, 25 кои се движат по бул.„Кочо Рацин“ продолжуваат по ул. Св.Кирил и Методијј кај Рамстор и продолжуваат по своите траси;
  • линиите бр. 26, 50, 57 , 57А и 59 кај градска болница вртат лево по ул. 11 Октомврии , десно по бул. “Кочо Рацин” и ул. “Св.Кирил и Методиј” кај Рамстор и продолжуваат по своите траси;
  • линијите бр. 4 и 4А од ул..11 Октомврии вртат лево по бул. “Кочо Рацин” и ул. “Св.Кирил и Методиј” кај Рамстор и продолжуваат по своите траси;
  • линијата бр. 24 од подвозник К.Вода продолжува лево по ул. “Св.Кирил и Методиј” (пред Рамстор) и продолжува по својата траса.
  • Сменета е трасата на движење и на линијата Сити турр наместо од кај Порта Македонија ќе почнува од постојката пред “Жена парк” и продолжува лево по ул. 11 Октомврии, десно по “Кочо Рацин”, ул.”Св.Кирил и Методиј” и продолжува.
  • Во обратен правец автобусите сообраќаат по непроменета траса.

Пренасочувањето ќе трае до завршување на градежните работи негде до крајот на месецов.

ЈСП информираа дека исто така поради градежни работи се сменети трасите на линиите 66 и 66Б. Промените на трасите е следнава:

  • на линија 66 кога оди од Скопје до Бучинци, на Кадинска раскрсница врти лево кон Ајватовци, па преку Мршевци оди до Бучинци. Од Бучинци оди до Миладиновци (до постојката кај новата Хала), се враќа назад по истата траса до Мршевци, па преку Ајватовци продолжува по својата траса.
  • На линија 66 Б кога оди од Скопје до Дељадровци, на Кадинска раскрсница врти лево кон Ајватовци, па преку Мршевци, Бујковци, Миладиновци до Дељадровци. На враќање се оди по истата траса преку Ајватовци кон Скопје. Пренасочувањето ќе трае до завршувањето на градежните работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top