| четврток, 6 декември 2018 |

Сил­ни­от ка­ра­ктер на ла­вот про­дол­жу­ва со об­но­ве­ни­от „508“

Ми­на­та не­де­ла фран­цу­ска­та авто­мо­бил­ска ком­па­ни­ја „Пе­жо“ го прет­ста­ви но­ви­от мо­дел „508“, кој про­дол­жу­ва да из­не­на­ду­ва со пре­крас­ни­от ди­зајн и со по­све­те­ност во сег­мен­тот Д

Пред­ни­от дел се раз­ли­ку­ва во пред­на­та ма­ска, ко­ја овој пат е мал­ку по­ма­ла од прет­ход­ни­кот, до­де­ка ка­па­кот за мо­то­рот е ра­мен и со агре­си­вен изг­лед. Во пред­ни­от дел се за­бе­ле­жу­ва и но­ви­от изг­лед на све­тил­ки­те со ЛЕД. Про­ме­на­та во зад­ни­от дел е, исто та­ка, во ре­ди­зај­ни­ра­ни­те све­тил­ки и во зад­ни­от бра­ник, кој до­пол­ни­тел­но ги наг­ла­су­ва агре­сив­но­ста и сил­ни­от ка­ра­ктер на „508“.

За раз­ли­ка од прет­ход­ни­кот, осве­же­но­то „пе­жо 508“ по­крај пр­во­бит­ни­от спој на еле­ган­ци­ја и на го­ле­ми­на е инс­пи­ра­тив­но и со бес­пре­кор­ни­от ква­ли­тет на изра­бо­тка, со со­вре­ме­на­та тех­но­ло­ги­ја, си­ла и со изра­зе­ни­от ка­ра­ктер.

Auto95-peugeot-508-2

Ен­те­ри­е­рот е уна­пре­ден со че­ти­ри­зон­ски кли­ма-уред, ау­ди­о­си­стем на „Џи-Би-Ел“ и мул­ти­функ­ци­о­на­лен дисп­леј, кој се упра­ву­ва на до­пир, и со гла­сов­ни ко­ман­ди.

Во но­ви­от мо­дел, „Пе­жо“ вгра­ди и ка­ме­ри за во­зе­ње на­на­зад, ка­ко и си­стем за надг­ле­ду­ва­ње „мр­тов“ агол.

Auto95-peugeot-508-3

Но­ви­от „508“ ну­ди и но­ви мо­то­ри со ЕВРО 6 стан­дард. За овој мо­дел се пред­ви­де­ни три но­ви мо­то­ри. Бен­зин­ски­от 1,6-ли­тар­ски мо­тор раз­ви­ва 165 коњ­ски си­ли и има си­стем „старт-стоп“, кој е по­вр­зан со ше­сто­сте­пен ма­ну­е­лен или авто­мат­ски ме­ну­вач. Овој мо­тор е за­ме­на за ста­ри­от 1,6-ли­тар­ски, кој е по­си­лен за 11 коњ­ски си­ли и има на­ма­лу­ва­ње на еми­си­ја­та на штет­ни га­со­ви, ко­ја се­га из­не­су­ва 129 гра­ма на ки­ло­ме­тар.

Ди­зел­ски­те агре­га­ти се со за­фат­ни­на од 2,0 ли­три со 150 и со 180 коњ­ски си­ли и си­ла­та на мо­то­рот се пре­не­су­ва иск­лу­чи­тел­но пре­ку авто­мат­ски­от ше­сто­сте­пен ме­ну­вач. Еми­си­ја­та на штет­ни га­со­ви из­не­су­ва са­мо 105 гра­ма на еден ки­ло­ме­тар.

Auto95-peugeot-508-4

Со осве­же­ни­от мо­дел „508“ „Пе­жо“ про­дол­жу­ва со сво­јот осво­ју­вач­ки по­ход на па­за­рот би­деј­ќи си­те мо­де­ли на ре­но­ми­ра­на­та фран­цу­ска фа­бри­ка се најм­ла­ди во сво­и­те кла­си и се кон­стру­и­ра­ни со нај­со­вре­ме­на тех­но­ло­ги­ја и ин­же­не­ринг.

Про­даж­ба­та на „508“ на европ­ски­от па­зар се оче­ку­ва да поч­не во сеп­тем­ври оваа го­ди­на, до­де­ка до кра­јот на 2014 го­ди­на би требало да при­стиг­не и на на­ши­от па­зар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top