Предниот дел се разликува во предната маска, која овој пат е малку помала од претходникот, додека капакот за моторот е рамен и со агресивен изглед. Во предниот дел се забележува и новиот изглед на светилките со ЛЕД. Промената во задниот дел е, исто така, во редизајнираните светилки и во задниот браник, кој дополнително ги нагласува агресивноста и силниот карактер на „508“.
За разлика од претходникот, освеженото „пежо 508“ покрај првобитниот спој на елеганција и на големина е инспиративно и со беспрекорниот квалитет на изработка, со современата технологија, сила и со изразениот карактер.
Ентериерот е унапреден со четиризонски клима-уред, аудиосистем на „Џи-Би-Ел“ и мултифункционален дисплеј, кој се управува на допир, и со гласовни команди.
Во новиот модел, „Пежо“ вгради и камери за возење наназад, како и систем за надгледување „мртов“ агол.
Новиот „508“ нуди и нови мотори со ЕВРО 6 стандард. За овој модел се предвидени три нови мотори. Бензинскиот 1,6-литарски мотор развива 165 коњски сили и има систем „старт-стоп“, кој е поврзан со шестостепен мануелен или автоматски менувач. Овој мотор е замена за стариот 1,6-литарски, кој е посилен за 11 коњски сили и има намалување на емисијата на штетни гасови, која сега изнесува 129 грама на километар.
Дизелските агрегати се со зафатнина од 2,0 литри со 150 и со 180 коњски сили и силата на моторот се пренесува исклучително преку автоматскиот шестостепен менувач. Емисијата на штетни гасови изнесува само 105 грама на еден километар.
Со освежениот модел „508“ „Пежо“ продолжува со својот освојувачки поход на пазарот бидејќи сите модели на реномираната француска фабрика се најмлади во своите класи и се конструирани со најсовремена технологија и инженеринг.
Продажбата на „508“ на европскиот пазар се очекува да почне во септември оваа година, додека до крајот на 2014 година би требало да пристигне и на нашиот пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст