
Во депото на Македонски железници утре напладне ќе се снима филмот „Шишка де лукс“, соопшти продукцијата „Кино око“.
Филмот е словенечко-македонско-чешка копродукција, по сценарио и режија на Јан Цвиткович, финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Улогите ги толкуваат: Жига Фодрансперг, Давид Фурлан, Марко Миладиновиќ, Перо Арсовски, Андријана Бошкоска-Батич и други.
Во екипата од Македонија се сценографот Иван Бартлинг, костимографот Жаклина Крстевска и Горан Игњатовски – шминкер/маскер.
Македонски копродуцент е Роберт Насков преку продуцентската куќа „Кино око“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


