| четврток, 6 декември 2018 |

Фустани за на плажа

Лет­ни­те ко­шу­ли и фу­ста­ни за на пла­жа има­ат по­ве­ќе на­ме­ни и се не­оп­ход­ни по­крај ко­сти­мот за ка­пе­ње, влеч­ки­те и тор­ба­та за на пла­жа

Atraktivno95-1

Фу­ста­ни­те за на пла­жа, освен на пла­жа, ќе ги но­си­те и пре­ку ко­сти­мот за ка­пе­ње пре­ку ден, до­де­ка пи­е­те ка­фе во ка­фу­ле, а че­сто мо­же да ги но­си­те и на­ве­чер. За­тоа лет­ни­те фу­ста­ни се не­за­мен­ли­ви и, си­гур­но, мо­ра да ги има­те во ку­фе­рот ко­га за­ми­ну­ва­те на пат.

За овие фу­ста­ни не е важ­но да се мо­дер­ни и не чи­нат мно­гу па­ри. Не­ко­гаш и нај­ед­но­став­ни­те фу­ста­ни се нај­у­ба­ви.

 

Atraktivno95-2

Мо­дер­ни­те фу­ста­ни за на пла­жа за се­зо­на­та 2014 го­ди­на

За се­зо­на­та ле­то 2014 го­ди­на, се пре­по­ра­чу­ва­ат лет­ни фу­ста­ни од при­род­ни ма­те­ри­ја­ли во си­те дол­жи­ни, но нај­важ­но е да би­дат ко­мот­ни. Бо­ја­та тре­ба да е усог­ла­се­на со ко­сти­мот за ка­пе­ње. Во тренд се сил­ни­те бои, па вни­ма­вај­те да не пре­те­ра­те. Ко­га ќе од­би­ра­те, прв из­бор не­ка ви би­де сви­ла или па­мук или, пак, пле­те­ни про­ѕир­ни ма­те­ри­ја­ли. Оваа се­зо­на во мо­да се точ­ки или, пак, ап­ли­ка­ции со го­ле­ми ро­зи или пан­дел­ки. Но, овие де­зе­ни не од­го­ва­ра­ат ако ва­ши­от ко­стим за ка­пе­ње има жи­во­тин­ски от­пе­ча­ток.

 

Atraktivno95-3

Ед­но­став­ни­те фу­ста­ни за на пла­жа се нај­до­бри

Овие фу­ста­ни, обич­но, тра­ат ед­на се­зо­на би­деј­ќи се но­сат се­којд­нев­но, а и сон­це­то оста­ва тра­га на ма­те­ри­ја­лот. За­тоа, од­бе­ре­те го тој фу­стан во кој ќе се чув­ству­ва­те от­пу­ште­но. За­тоа не се пре­по­ра­чу­ва фу­ста­нот за на пла­жа да би­де мно­гу кра­ток или, пак, од син­те­тич­ки ма­те­ри­јал. Од­мо­ре­те го сво­е­то те­ло и от­пу­ште­те се. Из­бо­рот на­пра­ве­те го ме­ѓу кра­тки, лес­ни, па­муч­ни или про­ѕир­ни фу­ста­ни.

 

Atraktivno95-4

Бе­ла­та бо­ја е не­при­кос­но­ве­на за ле­то

Ако ва­ши­от ко­стим за ка­пе­ње е ша­рен, то­гаш за­дол­жи­тел­но од­бе­ре­те ед­но­бо­ен фу­стан за на пла­жа. Ако не са­ка­те да се оп­то­ва­ру­ва­те со усог­ла­су­ва­ње на бо­и­те, то­гаш ре­ше­те се за бе­ла­та бо­ја. Таа до­пол­ни­тел­но го шти­ти ва­ше­то те­ло од топ­ли­на­та. Ако, пак, има­те ед­но­ста­вен ко­стим за ка­пе­ње, то­гаш, иде­ал­но ре­ше­ние за вас би би­ло фу­стан со ин­те­ре­сен от­пе­ча­ток.

Бе­ла­та бо­ја е од­лич­но ре­ше­ние – се чи­ни мно­гу шар­мант­но и сла­тко, по­себ­но ако е укра­се­на со не­кој ро­ман­ти­чен вез или не­ко­ја тан­те­ла. Лес­но се ком­би­ни­ра со шап­ка­та, тор­ба­та и со на­ки­тот. Од­бе­ре­те па­муч­ни или бе­ли ле­не­ни фу­ста­ни за на пла­жа – тие се нај­при­јат­ни.

 

Atraktivno95-5

Про­ѕир­ни фу­ста­ни

Овие фу­ста­ни за на пла­жа се до­бар из­бор би­деј­ќи во нив ќе се чув­ству­ва­те ка­ко да не­ма­те ни­што на се­бе, а се­пак, ќе би­де­те за­шти­те­ни од УВ-зра­ци­те и од пог­ле­ди­те на дру­ги­те.

 

Atraktivno95-6

Акту­ел­ни мо­де­ли

Во тренд се лет­ни фу­ста­ни што па­ѓа­ат на ед­но ра­мо и фу­ста­ни што ли­чат на обич­на ши­ро­ка ма­шка бе­ла ма­и­ца.

Од дру­га стра­на, ако са­ка­те мал­ку еле­ган­ци­ја, ваш из­бор мо­же да би­де фу­стан што има ре­мен на по­ло­ви­на­та и кој ќе ја де­фи­ни­ра ва­ша­та фи­гу­ра.

Ша­ре­ни­те дол­ги сви­ле­ни фу­ста­ни се иде­ал­ни ако са­ка­те да скри­е­те не­кој не­до­стиг. Овие мо­де­ли обич­но се по­ши­ро­ки и по­ко­мот­ни во дол­ни­от дел и го истак­ну­ва­ат ва­ше­то де­кол­те.

Фу­ста­нот за на пла­жа мо­же и са­ми го кре­и­ра­те. Ед­но­став­но за­мо­тај­те ја ва­ша­та огром­на ма­ра­ма око­лу те­ло­то ка­ко што најм­но­гу ви од­го­ва­ра.

За мла­ди­те де­вој­ки по­себ­но се ин­те­рес­ни та­ка­на­ре­че­ни­те ком­би­не­зон, чиј­што до­лен дел е ку­си пан­та­ло­ни. Овие ком­би­не­зо­ни мо­же да има­ат и ин­те­рес­ни тре­ге­ри на се­бе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top