Фустаните за на плажа, освен на плажа, ќе ги носите и преку костимот за капење преку ден, додека пиете кафе во кафуле, а често може да ги носите и навечер. Затоа летните фустани се незаменливи и, сигурно, мора да ги имате во куферот кога заминувате на пат.
За овие фустани не е важно да се модерни и не чинат многу пари. Некогаш и наједноставните фустани се најубави.
Модерните фустани за на плажа за сезоната 2014 година
За сезоната лето 2014 година, се препорачуваат летни фустани од природни материјали во сите должини, но најважно е да бидат комотни. Бојата треба да е усогласена со костимот за капење. Во тренд се силните бои, па внимавајте да не претерате. Кога ќе одбирате, прв избор нека ви биде свила или памук или, пак, плетени проѕирни материјали. Оваа сезона во мода се точки или, пак, апликации со големи рози или панделки. Но, овие дезени не одговараат ако вашиот костим за капење има животински отпечаток.
Едноставните фустани за на плажа се најдобри
Овие фустани, обично, траат една сезона бидејќи се носат секојдневно, а и сонцето остава трага на материјалот. Затоа, одберете го тој фустан во кој ќе се чувствувате отпуштено. Затоа не се препорачува фустанот за на плажа да биде многу краток или, пак, од синтетички материјал. Одморете го своето тело и отпуштете се. Изборот направете го меѓу кратки, лесни, памучни или проѕирни фустани.
Белата боја е неприкосновена за лето
Ако вашиот костим за капење е шарен, тогаш задолжително одберете еднобоен фустан за на плажа. Ако не сакате да се оптоварувате со усогласување на боите, тогаш решете се за белата боја. Таа дополнително го штити вашето тело од топлината. Ако, пак, имате едноставен костим за капење, тогаш, идеално решение за вас би било фустан со интересен отпечаток.
Белата боја е одлично решение – се чини многу шармантно и слатко, посебно ако е украсена со некој романтичен вез или некоја тантела. Лесно се комбинира со шапката, торбата и со накитот. Одберете памучни или бели ленени фустани за на плажа – тие се најпријатни.
Проѕирни фустани
Овие фустани за на плажа се добар избор бидејќи во нив ќе се чувствувате како да немате ништо на себе, а сепак, ќе бидете заштитени од УВ-зраците и од погледите на другите.
Актуелни модели
Во тренд се летни фустани што паѓаат на едно рамо и фустани што личат на обична широка машка бела маица.
Од друга страна, ако сакате малку елеганција, ваш избор може да биде фустан што има ремен на половината и кој ќе ја дефинира вашата фигура.
Шарените долги свилени фустани се идеални ако сакате да скриете некој недостиг. Овие модели обично се пошироки и покомотни во долниот дел и го истакнуваат вашето деколте.
Фустанот за на плажа може и сами го креирате. Едноставно замотајте ја вашата огромна марама околу телото како што најмногу ви одговара.
За младите девојки посебно се интересни таканаречените комбинезон, чијшто долен дел е куси панталони. Овие комбинезони може да имаат и интересни трегери на себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст