| четврток, 6 декември 2018 |

УМС ја поздрави новата мерка на Владата- „слободен четврток“ (видео)

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави новата мерка на Владата- „слободен четврток“, со која сите млади студенти до 27 години ќе можат секој четврток бесплатно да го користат јавниот превоз, жичницата на Водно и уште неколку културни установи.

-Можноста да ја користат оваа мерка ќе ја имаат сите студенти кои претходно ќе одат во ЈСП- Скопје, ќе земат потврди кои ќе ги заверат на своите матични факултети. Подоцна ќе имаат можност да им се извади картичка со која ќе им се регулира бесплатниот превоз, истакна претседателот на УМС Владимир Нелоски.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top