Пратеникот Александар Николоски е назначен за член на две ад хок комисии на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Тој ќе ги набљудува парламентарните избори во Босна и Херцеговина закажани за 12 октомври и предвремените парламентарни избори во Бугарија оваа есен.
Николоски, кој е шеф на македонската делегација и потпретседател на мониторинг комитетот, е назначен од име на Групата на европски народни партии.
За член на мисија за набљудување на избори може да биде избран само пратеник од држава која спроведува високо демократски и слободни избори, со што изборот на Александар Николоски е и признание за Република Македонија.
Досега, Николоски бил член и на ад-хок комисиите за набљудување на парламентарните избори во Бугарија и претседателските избори во Азербејџан во 2013 година.
Парламентарното собрание на Советот на Европа за првпат во 1974 година учествуваше во набљудувањето на изборниот процес и е првата институција која почитувањето на принципите за слободни и фер избори го постави како услов за членство.
За набљудувањето на изборите, Парламентарното собрание на Советот на Европа има утврдени прописи кои се однесуваат на почитување на принципите на демократијата, плурализмот и правото на слободни избори. Техничкото набљудување се фокусира на адекватноста на законите според кои се спроведуваат изборите, а се мониторира и политичкиот амбиент во кој се одвиваат изборите. За таа цел, членовите на ад-хок комисиите за набљудување имаат средби со изборните органи, претставниците на политичките партии застапени во Парламентот, како и со претставниците на граѓанското општество и медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Одреден притвор за уште еден опозициски пратеник во Црна Гора
-
Како ве лажат: За комуњарските медиуми, бугарските зборови со кои ни се обраќа грчкиот пратеник, станаа македонски јазик (видео)
-
Пратеник може да биде приведен, за притвор и одземање на имунитетот решава Собранието
-
Никола Тодоров се повлекува од функцијата пратеник