| четврток, 6 декември 2018 |

Петров: СДСМ не бојкотира затоа што немаше време да поднесе листи

andrej_petrov-e1345211247849
-По вчерашната лицемерна прес конференција на Зоран Ставревски, каде што не беше соопштен никаков предлог, денес ВМРО-ДПМНЕ уште побезобразно излезе со Гордана Јанкуловска. Уште еднаш ја потсетуваме режимската ВМРО-ДПМНЕ дека Сојузот за иднината не одлучи да ги бојкотира претстојните локални избори затоа што немаше време за кандидатски листи туку заради целосната неодговорност на власта и нивниот партиско полициски пуч- изјави генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров по предлогот на власта, преточен во закон, да се пролонгира рокот за поднесување на кандидатури до 3 март.

Тој потсети на планот на Бранко Црвенковски, ако на локалните избори советничките листи на „Сојузот за иднината“ освојат барем еден глас повеќе од листите на коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ да има предвремени парламентарни избори.

-Токму заради стравот од соочување со волјата на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ го одби овој предлог- вели Петров.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top