| четврток, 6 декември 2018 |

Пендаровски повторно со навреди за граѓаните – за него тие се корумпирани

press-na-pendarovski-1Македонецот е корумпиран, смета претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски. Тој за време на изборите изјави дека оние граѓани што не гласале за него се качувани во комбиња како стока. Денеска, пак, на трибината на здружената опозиција – „Што да се прави за повторно освојување на слободата“ – посочи дека владејачката партија со корупција на граѓаните ја узурпира нивната волја кој да ги претставува. Смета дека оние кои не гласале за него и за СДСМ се корумпирани, што би значело дека над 534.000 граѓани во земјава со право на глас се корумпирани. Продолжува да ги навредува и потценува гласачите.

– Практично, волјата на маса граѓани беше киднапирана на систематски начин, изборната корупција беше со стравични размери, мојата проценка што ја правев со мојот изборен штаб по изборите покажува дека на последните двојни избори изборната корупција била поголема околу 30% во компарација со ланските локални избори и за околу 50 % повеќе од 2011 година – рече Пендаровски.

На трибината организирана од СДСМ, покрај Пендаровски, говор одржаа и останати дежурни критичари на власта, како Љубомир Фрчкоски, Арсим Зеколи и Бранко Тричковски, со што се покажа дека на трибината немаше обраќање на независни интелектуалци и НВО активисти, како што беше најавено, туку на лица кои веќе подлог временски период во јавноста важат за партиски експерти на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top