| четврток, 6 декември 2018 |

Аљоша Вучковиќ: За кафеана не се потребни пари, туку време (видео)

Популарниот српски актер Аљоша Вучковиќ, кој е познат по голем број улоги во теaтар, но и во сериите кои беа и сѐ уште се многу популарни нa сите телевизии низ цела поранешна Југославија, беше гостин во студиото на „Република“.

Имате многу пријатели во Скопје, доаѓате често, дали овој пат сте само приватно или, пак, ќе ве видиме на сцена?

– Имам доста пријатели затоа што ние глумците сме како едно големо семејство, па каде и да отидеш, имаш фамилија. И на приватен и на професионален план е лесно и тешко да остварувате врски на пријателство, меѓутоа има една причина поради која јас имам многу пријатели овде, а таа е затоа што Македонија е една земја која има една емоција која мене многу ми одговара. И кога и да сакам да се ослободам од некои проблеми, доаѓам во Скопје. Често сум доаѓал и професионално.

Што најчесто правите кога ќе дојдете во Скопје?

– Кога доаѓам да уживам, не доаѓам да работам. Сакам да видам нешто што е останато од Скопје од пред 10-15 години, добра кафеана, со добра скара, со добра салата, одлична музика, меѓутоа имам некое чувство дека и тука тоа е променето, дека и вас ве зафаќа таа западна култура.

Целото интервју погледнете го на видеото.

 


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top