Шкотскиот актер Шон Конери, кој на поголемиот дел од публиката му е познат по улогата на Џејмс Бонд, се најде на врвот на листата за најдобри британски актери во Америка.
Истражувањето кое го направи магазинот „Кју“ покажа дека за американската публика Шон Конери е најголемиот британски актер на сите времиња.
Второто и третото место го заземаа Ентони Хопкинс и Лијам Нисон.
Конери и во претходните истражувања на овој магазин го добиваше првото место. Првиот пат во 1998 година, а потоа во 2003 година, единствено во 2008 годиан мораше да ја отстапи првата позицијата на Хју Лори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.