| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски доктори на обука во најнаградуваната болница во Кина

кина

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари посета и средба со менаџерскиот тим на болницата „Квин Мери“ во Хонгконг, НР Кина.

кина 2

Болницата „Квин Мери“ е главен образовен здравствен центар во Хонгконг, и е најнаградувана клиника таму. Таа е специјализирана во терцијарното здравство на целата територија на Хонгконг. Вработува преку 5000 лица медицински персонал, од кои над 1.500 доктори. Позната е по своите напредни методи во областа на трансплантацијата и педијатријата.

На средбата беше разговарано за остварување на соработка меѓу македонските јавни здравствени установи и болницата „Квин Мери“.

Беше постигната согласност за обука и едукација на македонски доктори и медицински персонал во болницата „Квин Мери“. Во идниот период стручни тимови на двете страни ќе треба да ги прецизираат областите од медицината во кои ќе се врши обука и тренинг на нашите доктори и процедурите за остварување на соработката.

– Се надеваме дека и нивните лекари, од Хонгконг, ќе дојдат и кај нас да го пренесат нивното знаење, останувајќи во Македонија неколку недели и повеќе, со цел поголем број лекари и медицински персонал да научат некои од вештините кои хонгконшките лекари ги имаат научено и применето, а кај нас сѐ уште не се внесени – изјави премиерот Груевски по средбата.

Менаџментот на болницата „Квин Мери“ позитивно гледа на идната соработка и очекува споделување на знаењата и искуствата со македонските лекари и медицински персонал.

кина 3
– Мислам дека постојат многу опции за македонските доктори да го шират своето знаење и да дојдат тука во Хонгконг да го споделат нашето искуство кое го имаме, и така да ги искористиме шансите за соработка во иднина – изјави д-р Ли Чои, директор на болницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top