Без теошка пардон, Бијонсе за време на саботниот концерт во Синсинати, го прозва својот сопруг Џеј Зи за неврство. Стиховите на песната „Незадоволство“, која зборува за неверство и за лаги, ги промени и ги направи многу лични.
Познавачите на нејзините хитови знаат дека зборовите во песната „Незадоволство“ одат „со тебе сум шест години“, а Бијонсе ги отпеа „со тебе сум 12 години“, а реченицата „како да не би била добра како твоја љубовница“ ги претвори во „луда кучка“. На публиката не ѝ требаше долго да сфати дека таа го прозива нејзиниот сопруг, за што ја наградија со громогласни овации и со тоа и ставија до знаење дека ја има нивната поддршка.
Една од првите сериозни шпекулации за неверството на Џеј Зи почна да кружи по инцидентот во лифт кога Соланж, помладата сестра на пејачката, физички го нападна зетот. Упатените говорат дека одамна нивниот брак е фарса и дека се сè уште заедно поради големото богатство што го имаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Падна уште еден функционер на СДСМ во Прилеп: Присвоил над 8 милиони денари
-
Лажен доктор му понудил помош и му зел пари – Скопјанец остана без 12.000 денари
-
Не ни трепнала: Откриено е што украла Бијонсе од Кејт Мидлтон и како!
-
Џеј Зи за една ноќ потрошил близу 100.000 долари, а само да видите колкав бакшиш оставил на келнерот!




