| четврток, 6 декември 2018 |

Измамената Бијонсе преку песна му се одмазди на Џеј Зи!

bi

Без теошка пардон, Бијонсе за време на саботниот концерт во Синсинати, го прозва својот сопруг Џеј Зи за неврство. Стиховите на песната „Незадоволство“, која зборува за неверство и за лаги, ги промени и ги направи многу лични.

Познавачите на нејзините хитови знаат дека зборовите во песната „Незадоволство“ одат „со тебе сум шест години“, а Бијонсе ги отпеа „со тебе сум 12 години“, а реченицата „како да не би била добра како твоја љубовница“ ги претвори во „луда кучка“. На публиката не ѝ требаше долго да сфати дека таа го прозива нејзиниот сопруг, за што ја наградија со громогласни овации и со тоа и ставија до знаење дека ја има нивната поддршка.

Bijonse-Dzej-Zi2

Една од првите сериозни шпекулации за неверството на Џеј Зи почна да кружи по инцидентот во лифт кога Соланж, помладата сестра на пејачката, физички го нападна зетот. Упатените говорат дека одамна нивниот брак е фарса и дека се сè уште заедно поради големото богатство што го имаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top