Гитарското дуо „Шајн“, чии членови се Дамјан Пејчиновски и Јордан Манов, ќе ја забавува публиката во аквапаркот во Пробиштип утре, 5 јули, од 21 часот.
Забавите со ноќно капење продолжуваат и овој викенд во пробоштипскиот аквапарк, а за гости се избрани охриѓаните „Шајн“. Гитарските виртуози Дамјан Пејчиновски и Јордан Манов, кои настапуваат низ повеќе европски клубови, за сите кои ќе се разладуваат во базените ќе ги свират најактуелниите светски рок-хитови и евергрини.
Билетите во претпродажба чинат 100, а на билетарницата на аквапаркот во Пробштип пред забавата ќе бидат 150 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


