Четврток ќе помине во релативно топло, но и ветровито време. Умерен северозападен ветер ќе дува во Повардарие и во источниот регион. Постои многу мала веројатност за краткотраен дожд приквечер во околината на планинските региони на крајниот север и крајниот исток. Денот ќе биде потопол во однос на среда.
Според метеопро.мк, максималната температура ќе достигне вредност околу 31°С во северната половина од земјата, и околу 32°С во јужната половина од земјата. Најтопло, до 35°С ќе биде во гевгелискиот крај.
Вредноста на УВ индексот ќе биде 8.
Во скопската котлина се очекува претежно сончево време со умерен северозападен ветер. Попладне ќе има мало зголемување на облачноста. Максималната вредност на температурата ќе достигне 33°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.